E martë, 11.12.2018
Impresum - Marketing - Arkiva - Kontakt

Yll Press

Влијателниот медиум анализира дека иницијативата на еврокомесарот се должи на опасноста без решение за името да ослабат врските на европската унија со целиот регион.
Ноје Цирихер Цајтунг: Влезот на Македониј
Штефан Фуле инсистира Македонија и Грција да ги и интензивираат преговорите за името и ги повика властите во Скопје и Атина да започнат трилатерални разговори со посредство на европската комисија. Влијателниот медиум анализира дека иницијативата на еврокомесарот се должи на опасноста без решение за името да ослабат врските на европската унија со целиот регион. „На коцка е ни помалку ни повеќе туку влијанието на ЕУ врз балканските држави, каде многумина веруваат дека ветувањата за членство во ЕУ се само флоскули“, пишува весникот кој тврди дека истовремено и на државите од ЕУ Фуле мора да им покаже дека процесот на проширување, со сите свои проблеми и понатаму е најдобар инструмент за реформа на проблематичниот западен Балкан. Според весникот постои добра причина зошто Фуле се одлучи да го отвори токму прашањето на Македонија. Авторот на текстот смета дека Брисел инсистира на Македонија затоа што во другите држави од регионот кои се кандидати за прием состојбата е уште покомпликувана. Со ова швајцарскиот весник ја објаснува креативноста на европската комисија која во случајот со Македонија го измисли таканаречениот пристапен дијалог на високо ниво за да се заменат преговорите за членство и со тоа да ја ескивира грчката блокада за Македонија. Иницијативата на Фуле за директни разговори меѓу Грција, Македонија и Брисел беше веднаш прифатена од македонската влада додека официјална Атина го отфрли предлогот поради стравот дека на Брисел ќе му стане јасно кој ги кочи разговорите во обединетите нации.

Publikuar: 21.01.2013 | 20:23
Lexuar: 2383 herë
Printo PDF format Shto në,..

Komentet

Ndalohet përdorimi i gjuhës denigruese dhe fjalëve ofenduese ndaj individëve dhe ndaj grupeve specifike, si dhe komentimet që s`kanë të bëjnë me temën e artikullit. Moderatorët mbajnë të drejtën e fshirjes së komenteve që thyejnë rregullat e komunikimit.
Emri:
Email adresa:
Komenti:





Developed by: Just5 Studio
Rss furnizime