E hënë, 20.11.2017
Impresum - Marketing - Arkiva - Kontakt

Yll Press

Бојкотот и политиката на празна столица не е добра политика. Ние само можеме да ја охрабриме опозицијата од Парламентот, да го почитува мандатот кој и беше доверен од народот на земјата да заседава во него и да си врши својата парламентарна работа
Жан-Клод Мињон: Бојкотот и политиката на пр&#
Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Жан-Клод Мињон смета дека бојкотот и политиката на празна столица не е добра политика. Тој за време на посетата на Грција разговарал со највисоките грчки претставници за проблемот со името, кој го нарече халуцинирачки. Oсврнувајќи се на инцидентите во македонскиот Парламент и бојкотот на неговата работа од страна на опозицијата Жан-Клод Мињон истакна дека честопати Советот на Европа се соочувал со слични проблеми во неговите земји-членки, како Албанија или Молдова. Бојкотот и политиката на празна столица не е добра политика. Ние само можеме да ја охрабриме опозицијата од Парламентот, да го почитува мандатот кој и беше доверен од народот на земјата да заседава во него и да си врши својата парламентарна работа, нагласи претседателот на ПССЕ. Според него, ако се покаже потреба за случајот со Македонија, Советот на Европа може да го употреби истиот метод кој го користеше за случаите кога имаше бојкот на парламентите во Албанија и Молдава. Советот на Европа во моментов работи на завршувањето на извештајот за постмониторинг дијалогот со Македонија, кој наскоро треба да се најде на дневен ред на Собранието. Последните случувања во земјата најверојатно ќе влијаат во финалната верзија, велат наши извори од Стразбур. Значењето на овај извештај е дотолку поголем, бидејќи тој во добар дел ја инспирира Европската комисија за политичкиот дел на извештајот за напредокот на земјата. Во текот на неговата изјава, која ја пренесува Дојче Веле, Жан-Клод Мињон се воздржа да го употреби името Република Македонија, бидејќи последниот пат кога го направи тоа имаше остри реакции од страна на грчките претставници во Стразбур. Ќе се воздржам да ја наречам, како што вие ја нарековте, бидејќи секогаш кога ќе интервенирам и зборувам за оваа поранешна југословенска република, се изложувам на соопштенија за јавноста кои велат дека тоа значи признавање. Можам само да речам дека еден ден треба да пронајдеме име за оваа поранешна југословенска република, рече Мињон.

Publikuar: 21.01.2013 | 20:35
Lexuar: 1862 her
Printo PDF format Shto n,..

Komentet

Ndalohet prdorimi i gjuhs denigruese dhe fjalve ofenduese ndaj individve dhe ndaj grupeve specifike, si dhe komentimet q s`kan t bjn me temn e artikullit. Moderatort mbajn t drejtn e fshirjes s komenteve q thyejn rregullat e komunikimit.
Emri:
Email adresa:
Komenti:





Developed by: Just5 Studio
Rss furnizime