E diel, 26.03.2017
Impresum - Marketing - Arkiva - Kontakt

Yll Press

Арсенал с уште недораснат за европски успех.
Баерн го растури Арсенал на Емирати
Германскиот великан Баерн Минхен уште во Лондон си го осигура четврт-финалето во елитната Лига на шампиони, откако вечерва му покажа на Арсенал дека е недораснат за големи европски успеси и го победи со 3-1 во првиот меч од осминафиналето. И покрај силните најави на топчиите дека се кадарни за сребрениот трофеј, пред се на менаџерот Арсен Венгер, тие за 90 минути набрзина добија спротивен одговор и практично ја завршуваат и оваа сезона официјално без трофеј, сооглед дека речиси невозможно е во Минхен да направат гигантска сензација и да го елиминираат сезонава доминантниот бундеслигаш. Арсенал осум години е без пехар, вистинска каталклизма му се случи на лондонскиот тим во саботата со елиминацијата од ФА-Купот, со месеци не е во игра во Премиерлигата за шампионската круна, а топчиите се многу далеку и од најпосакуваниот клупски пехар. Баерн за 20-на минути ги реши лондончани со два гола, кои на германскиот гигант му дадоа голема предност и во пресрет на реваншот. Тони Крос во 7-та на асистенција на Томас Милер, а потоа и Милер со гол во 21-та минута ја урнаа надежта и првопоставената цел на Венгер, дека Арсенал ќе ја сочува мрежата на овој меч. Надеж дека може да се вратат во игра, Арсенал доби со голот на Лукас Подолски, екс-фудбалерот на Баерн по една голема грешка на комплетната одбрана на Германците во 55-та минута. Марио Манџукиќ стави точка на мечот во 77-та и го казни промашувањето на Оливие Жиру десетина минути подоцна, кога можеше комплетно да го врати лондонскиот клуб во игра барем за минимална победа и поинаков пристап во реваншот.

Publikuar: 19.02.2013 | 22:59
Lexuar: 1594 her
Printo PDF format Shto n,..

Komentet

Ndalohet prdorimi i gjuhs denigruese dhe fjalve ofenduese ndaj individve dhe ndaj grupeve specifike, si dhe komentimet q s`kan t bjn me temn e artikullit. Moderatort mbajn t drejtn e fshirjes s komenteve q thyejn rregullat e komunikimit.
Emri:
Email adresa:
Komenti:





Developed by: Just5 Studio
Rss furnizime