E shtunë, 22.07.2017
Impresum - Marketing - Arkiva - Kontakt

Yll Press

Премиерот Никола Груевски денеска оствари средба со регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Сузана Јакаб.
Премиерот Груевски ја прими директорката
Средбата, како што соопшти владината прес-служба, се оствари во рамките на активностите за отворањето на Секретаријатот на Здравствената мрежа на земјите од ЈИЕ, кој е со седиште во Скопје. На средбата премиерот Груевски изрази задоволство од досегашната соработка, реафирмирајќи ја посветеноста и заедничките интереси за реализација на повеќе проекти од регионално значење. Премиерот истакна дека целта на Владата е здравствениот систем и услугите кои се нудат да бидат достапни за сите граѓани, и во таа насока, досега беа превземени низа мерки и реформи, како што се овозможување на бесплатно здравствено осигурување за секој граѓанин, овозможување на лекување во странство за само 200 евра, овозможување на бесплатно болничко лекување на пензионерите чии примања се под просечните, повеќекратно намалување на цените на лековите и редица други реформи и мерки. Сузана Јакаб ја истакна исклучително добрата соработка со Владата на Република Македонија како и придонесот кој Владата го дава во насока на подигнување и унапредување на здравствената заштита обезбедувајќи активни мерки за квалитетна медицинска превенција на граѓаните. Беше посочено дека таквите активности и реформи ја вброија државата меѓу најактивните држави членки во регионалната мрежа на Светската здравствена организација. Особено беше потенциран прогресот кој Република Македонија го направи на полето на превенција и имунизација на граѓаните кој обезбедува нивна ефикасна и навремена здравствена заштита. Јакаб ги поздрави мерките, напорите и реформите кои ги превзема Владата во полето на здравствениот систем, чекори кои дадоа резултати и овозможија негово значително подобрување и вградување на високи стандарди, кои како што посочи таа треба да ги следат и останатите земји членки од регионот. Соговорниците изразија подготвеност за продолжување регионалната соработка преку реализацијата на активните мерки на полето на подобрување на здравствената заштита.

Publikuar: 07.03.2013 | 20:04
Lexuar: 1573 her
Printo PDF format Shto n,..

Komentet

Ndalohet prdorimi i gjuhs denigruese dhe fjalve ofenduese ndaj individve dhe ndaj grupeve specifike, si dhe komentimet q s`kan t bjn me temn e artikullit. Moderatort mbajn t drejtn e fshirjes s komenteve q thyejn rregullat e komunikimit.
Emri:
Email adresa:
Komenti:





Developed by: Just5 Studio
Rss furnizime