E enjte, 29.06.2017
Impresum - Marketing - Arkiva - Kontakt

Yll Press

Од моментот кога дознаваат дека се бремени многу жени стануваат подложни на шпекулациите, теориите и приказните за бебињата и породувањето. Но дали високиот стомак значи дека бебето ќе биде машко? Дали утринските мачнини значат здрава бременост? Во најновата книга новинарката Џена Пинкот понуди одговори на повеќето мистерии поврзани со бременоста.
Големината на градите во бременоста го от
Родителите освен желбата детето да им биде живо и здраво најчесто се мошне нестрпливи да го дознаат и полот на своето бебе. Од моментот кога дознаваат дека се бремени многу жени стануваат подложни на шпекулациите, теориите и приказните за бебињата и породувањето. Но дали високиот стомак значи дека бебето ќе биде машко? Дали утринските мачнини значат здрава бременост? Во најновата книга новинарката Џена Пинкот понуди одговори на повеќето мистерии поврзани со бременоста. Стомакот не го открива полот на бебето Доколку стомакот е висок и тврд тогаш ќе биде момче, а ако е низок и проширен ќе биде девојче, се приказни, кои ги слушаме од постарите луѓе. Тоа сепак не е така. Еден од показателите за полот на детето можат да бидат градите. Доколку се зголемат во текот на бременоста, тогаш тоа може да биде знак дека носите девојче (градите се зголемуваат во просек околу осум сантиметри кај жените, кои носат девојче, а 6,3 кај оние кои носат момче). Машките фетуси развиваат повеќе тестостерон и бараат повеќе енергија од мајката. Поради тоа тие се дебелеат, а градите не им растат премногу. Утринските мачнини можат да бидат добар знак Еден од парадоксите е приказната дека брзата храна им станува неодоллива на бремените жени, а дека здравите јадења предизвикуваат мачнина. Но дури и здравите продукти во одредени случаи можат да му наштетат на ембрионот. Месото може да содржи бактерии и вируси. Сирењето собира бактерии и габи, зелениот зеленчук може да има бактерии. А повеќето бремени жени имаат мачнини токму поради оваа храна, бидејќи на тој начин ембрионот се штити од негативните материи. Мажите кои имаат браќа во поголемиот број случаи добиваат синови Мажите често го носат генот, кој ќе го одреди полот на детето. Кори Гелатли, научник од Њукасл анализираше 927 семејни стебла, при што е утврдено дека мажите кои имаат браќа во повеќето случаи добиваат синови, а тие кои имаат сестри добиваат ќерки. Овој ген е откриен кај мажот, но не и кај жените. Љубителите на чоколадото имаат послатки бебиња Студијата изработена во Финска покажа дека чоколадото може да биде добро за развојот на фетусот. Истражувањето е спроведено на 30 мајки, кои јаделе чоколадо секој ден во текот на бременоста, а нивните бебиња се опишани како посоцијални, помалку плашливи и посмирени за разлика од децата, чии мајки ретко или воопшто не јаделе чоколадо.

Publikuar: 18.03.2013 | 14:03
Lexuar: 2963 herė
Printo PDF format Shto nė,..

Komentet

Ndalohet pėrdorimi i gjuhės denigruese dhe fjalėve ofenduese ndaj individėve dhe ndaj grupeve specifike, si dhe komentimet qė s`kanė tė bėjnė me temėn e artikullit. Moderatorėt mbajnė tė drejtėn e fshirjes sė komenteve qė thyejnė rregullat e komunikimit.
Emri:
Email adresa:
Komenti:





Developed by: Just5 Studio
Rss furnizime