E shtunë, 27.05.2017
Impresum - Marketing - Arkiva - Kontakt

Yll Press

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, целта на состанокот била да се разменат мислења и да се укаже на мерките што ги презема Владата за одржување фер и демократски избори.
Бесими - Брет: Фер и демократски избори знач&
Одржувањето фер, мирни и транспаренти локални избори, како и водењето демократска изборна кампања, се приоритет за Македонија, се согласиле на денешната средба вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Ралф Брет. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, целта на состанокот била да се разменат мислења и да се укаже на мерките што ги презема Владата за одржување фер и демократски избори. Со оглед дека коментарите на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат рефлектирани во Пролетниот извештај на Европската комисија за Македонија, Бесими истакнал дека Владата презема дополнителни мерки и активности за добивање уште еден позитивен извештај. Вицепремиерот го информирал амбасадорот Брет за мерките и активностите кои се преземаат согласно препораките од Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори од 2011 година. Бесими се задржал и на активностите и мерките согласно приоритетите од Пристапниот дијалог на високо виво на Република Македонија со Европска унија со цел одржување на фер и демократски избори меѓу кои, реализација на активности и одржување кампањи за тајноста на гласањето како средство за борба против заплашувањето и охрабрување на граѓаните, спроведување кампањи за зголемување на бројот на носителите на биометриски документи наменети за прочистување на избирачкиот список, јакнење на ресурсите на Советот за радиодифузија за мониторинг на ТВ и радио покриеноста на изборите, како и спроведување мониторинг на медиумската покриеност. Вицепремиерот се осврнал и на натамошното информирање за евентуални неправилности, покренувањето дисциплински постапки согласно роковите од Изборниот законик, преземањето активности за зајакнување на транспарентноста на финансирањето на политичките партии и објавувањето на извештаите за финансирање. - Бидејќи добро организираните избори се важни за европската интеграција на Република Македонија како дел од политичките критериуми, а имајќи предвид дека последните избори беа позитивно оценети од ОБСЕ/ОДИХР и дека таа оценка се рефлектираше и во Извештајот на Европската комисија за напредокот, се надеваме дека сите преземени активности ќе придонесат за задржување на ваквата позитивна оценка и позитивно оценет Пролетен извештај, истакнал Бесими. Тој се заблагодарил за поддршката на ОБСЕ во изминатиот период, како и за сите идни активности во однос на спроведувањето фер и транспарентен изборен процес

Publikuar: 19.03.2013 | 12:41
Lexuar: 1639 herė
Printo PDF format Shto nė,..

Komentet

Ndalohet pėrdorimi i gjuhės denigruese dhe fjalėve ofenduese ndaj individėve dhe ndaj grupeve specifike, si dhe komentimet qė s`kanė tė bėjnė me temėn e artikullit. Moderatorėt mbajnė tė drejtėn e fshirjes sė komenteve qė thyejnė rregullat e komunikimit.
Emri:
Email adresa:
Komenti:





Developed by: Just5 Studio
Rss furnizime