E enjte, 19.10.2017
Impresum - Marketing - Arkiva - Kontakt

Yll Press

Kипарската економија значително ќе настрада во следните две години со драстично намалување на банкарскиот сектор
Кипарската економија во наредните две гоk
Бруто домашниот производ (БДП) на Кипар во текот на 2013 и 2014 година веројатно ќе се намали за вкупно 12,5 отсто и ќе биде сериозно засегнат од преструктурирањето на банкарскиот сектор, што има многу голем дел во економијата на островската држава, се посочува во извештајот. Тој треба да се разгледа во петок, на средбата на министрите за финансии од еврозоната во Даблин, посочуваат француските медиуми. Во 2013 година се очекува кипарската економија да се намали за 8,7 отсто, а во 2014 за 3,9 отсто, пред да го обнови растот во 2015 година со зголемување на БДП за 1,1 отсто, се прецизира во извештајот. Ако нештата се влошат, Никозија „ има обврска да преземе дополнителни мерки за да ги постигне целите, определени во програмата за помагање“, што беше донесена на крајот на март, потцртуваат авторите на документот од 16 страници. Планот за помагање на островската држава предвидува во теорија Кипар да добие девет милијарди евра од еврозоната преку нејзините фондови за укажување на помош и една милијарда од ММФ. Овие суми во голем степен би требало да послужат за рекапитализирање на кипарските банки. Во замена за нив земјата треба да најде приближно 13 милијарди евра и оваа сума значително ги надминува првично споменуваните седум милијарди евра, посочуваат француските медиуми.

Publikuar: 11.04.2013 | 09:59
Lexuar: 1745 herė
Printo PDF format Shto nė,..

Komentet
shpresa sylaj (29/01/2015 17:58:35) jam iteresuar te emigroj julutem mendihmoni

Ndalohet pėrdorimi i gjuhės denigruese dhe fjalėve ofenduese ndaj individėve dhe ndaj grupeve specifike, si dhe komentimet qė s`kanė tė bėjnė me temėn e artikullit. Moderatorėt mbajnė tė drejtėn e fshirjes sė komenteve qė thyejnė rregullat e komunikimit.
Emri:
Email adresa:
Komenti:





Developed by: Just5 Studio
Rss furnizime