E martë, 11.12.2018
Impresum - Marketing - Arkiva - Kontakt

Yll Press

Штефан Филе, комесарот за проширување на Европската Унија попладнево во Европскиот парламент во Стразбур ќе го објави Специјалниот извештај за Македонија.
Штефан Филе денеска ќе го објави извештај
Oвој извештај е подготвен од Европската комисија во склад со заклучоците на декемврискиот Самит на Европскито совет. МИА објави дека овој Специјален извештај нема да содржи препорака за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, туку само ќе биде потврдена веќе дадената препорака од ЕК во октомврискиот редовен прогрес-извештај за земјата. Македонија и Бугарија веќе се во напредна фаза од преговорите за добрососедство и се пред склучување договор. Разговорите за името со посредство на медијаторот на ОН Метју Нимиц се во тек. Овие две точки, кои се дел од декемвриските заклучоц, во изваштајот ќе бидат позитивно претставени, без оценки и заклучоци. Филе при последната посета на Скопје потврди дека Македонија има најголем напредок и остварено голем број реформи (остварен видлив напредок во 48 од 53 препорачани специфични чекори) и тука освен забелешката за нивото на политичкиот дијалог во земјата, Комисијата исто така се очекува да даде најдобри резултати. На 22 април во Луксембург на состаноците на Советот за министри за надворепни работи и на Советот за општи работи на ЕУ првпат ќе се разговара за можноста Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство на јунскиот самит на Европскиот совет. Денеска во Стразбур денеска е и Никола Попоски, македонскиот министер за надворешни работи кој ќе присуствува на состанокот на Регионалниот совет за соработка, а ќе учествува на работна вечера со министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан. Преземено од mkd.mk

Publikuar: 16.04.2013 | 09:56
Lexuar: 2546 herë
Printo PDF format Shto në,..

Komentet
agron (23/09/2014 01:25:09) specijalen pozdrav do stefan fyle

Ndalohet përdorimi i gjuhës denigruese dhe fjalëve ofenduese ndaj individëve dhe ndaj grupeve specifike, si dhe komentimet që s`kanë të bëjnë me temën e artikullit. Moderatorët mbajnë të drejtën e fshirjes së komenteve që thyejnë rregullat e komunikimit.
Emri:
Email adresa:
Komenti:





Developed by: Just5 Studio
Rss furnizime